вторник, 14 јануари 2025
По нападот на каналот Ибар-Лепенац

Свечља: Уапсени осум лица, запленети експлозиви, шест бомби и два калашникови

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на прес-конференција изјави дека по нападот на каналот Ибар-Лепенац се уапсени осум лица, кои наводно се поврзани со криминални и терористички активности.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека е извршен претрес на 10 локации на северот на Косово и дека во таа прилика биле пронајдени повеќе од 200 воени униформи, шест бомби, два калашникови, делови од оружје, експлозиви, воени шлемови, маскирна опрема, како и евра и динари.

„Повеќето лица кои беа претресени се поврзани со организацијата Цивилна заштита“, рече Свечља.

Највисоките претставници на Косово директно ги обвинија Србија, Александар Вучиќ и Милан Радоичиќ за саботажа, што претседателот на Србија го негираше и понуди помош во истрагата и обновата.

Веста за саботажа ја крена Приштина на нозе, вклучително и меѓународни претставници, а северот на Косово, пред сè Зубин Поток и Северна Митровица, практично се под опсада на силни полициски сили, но и со значително присуство на припадници на КФОР.

„Важно е фактите да се утврдат и одговорните да бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“, соопшти КФОР.

Водата од пробиениот канал со експлозив влегла во една од околните куќи и тешко го оштетила домаќинството на семејството Лазаревиќ.

Курти претходно денеска од местото на настанот изјави дека станува збор за повеќе од 15 килограми експлозив и дека уништувањето на критичната инфраструктура било намерно, нагласувајќи дека само Србија има ресурси да го спроведе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ