Според последните податоци, цените во Велика Британија меѓу мај и јули пораснале за 6,8 отсто, а платите за 7,8 отсто, што, според Блумберг, сугерира дека за одржување на таквата политика ќе бидат потребни повеќе пари од минатата година.
Доколку платите продолжат да се зголемуваат со сегашното темпо, тоа значи дека пензиите ќе треба да се зголемат за 8,2 отсто, со дополнителни годишни трошоци од 10 милијарди фунти, според сервисот „Интерактив инвестор“.
Според проекциите на Канцеларијата за буџетски прашања, годишниот трошок се очекува да биде околу 14 милијарди фунти.