Секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите претставува дирекна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото, велат од Судскиот совет.
„Во секоја правна држава, независноста на судската власт е еден од основните столбови за гарантирање на законитоста, правдата и заштита на правата и слободите на граѓаните. Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот“, се наведува во реакцијата на Судскиот совет.