Како што информираа од судот, судија на претходна постапка постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување
мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата
поврзана со Државна лотарија за кривичното дело злоупотреба на
службената положба и овластување, а кои во текот на
ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати
предлогот на обвинителството и на сите четворица им определи мерки одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување на службено лице во судот.
За првоосомничениот, поранешниот вицепремиер Артан Груби и второосомничениот, поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами судот сѐ уште не одлучил дали да го прифати предлогот на Јавното обвинителство им да им изрече мерка притвор.
„Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за
определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага,
која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој
предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот
јавноста ќе биде дополнително известена“, велат од Кривичен суд.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот
совет на скопскиот суд.
Инаку Груби веќе ангажирал адвокат и според неофицијалните информации се обидува да издејствува наместо притвор да му бидат изречени мерки на претпазливост, по што би се вратил во Македонија.
МКД.мк побара потврда на овие информации, но засега одговор од адвокатот што го ангажирал Груби не добивме.