вторник, 15 октомври 2024

Судијката Елзабета Дуковска го започна деветгодишниот мандат во Уставниот суд

Објавено на

часот

Сподели

Дуковска на првиот работен ден се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител, информираа од Уставниот суд. 

Мандатот на судијката Дуковска во Уставниот суд е девет години  односно до 2032 година.

Пред еден месец, со 64 гласа „за“ и еден „воздржан“, судијката на Апелациониот суд – Скопје, Елизабета Дуковска беше избрана за судија на Уставниот суд, предложена од Судскиот совет.

Дуковска е родена на 30 јули 1961 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а правосуден испит положила на 15 февруари 1990 година.

Во 2004 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје 1, а од јули 2007 работела како стечаен судија во Основниот суд Скопје 2. Во 2009 година е избрана за судија на Апелациониот суд во Скопје.

Во своето досегашно искуство работела во Основен суд на здружен труд Скопје, како стручен соработник, во Окружен стопански суд Скопје, Основен суд Скопје 1 и во Апелационен суд Скопје, како стручен соработник.

Во октомври 2022 година беа избрани двајца судии: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои беа предлог на владеачкото мнозинство, а за третиот предлог кој дојде од власта, државниот обвинител Љубомир Јовески, дебатата во Собранието сѐ уште трае.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ