среда, 11 декември 2024

Судија плачеше по мечот меѓу Лајпциг и Астон Вила

Лајпциг и Астон Вила одиграа фантастичен меч во Лигата на шампионите кој го добија гостите со 3-2, а по мечот едниот од помошниците судии почна да плаче.

Објавено на

часот

Сподели

По последниот судиски свиреж, асистент судијата Алесандро Гиалатини почна да плаче, тренерот на Лајпциг, Марко Розе прв пристигна да го утеши.

Многумина беа збунети од емотивната реакција на судијата, по мечот беше откриена причината.

Галиани се расплакал затоа што тоа бил неговиот последен меч во кариерата како судија, тој заминува во пензија.

Во кариерата тој судеше на 31 меч од Лигата на шампионите, 11 во Лига Европа, бил асистент и на Светското првенство 2022 и Европското 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ