среда, 19 март 2025

Стружанец заработи кривична пријава за кражба на струја, во вредност од 4000 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Објавено на

часот

Сподели

На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ