недела, 13 октомври 2024

Струшките советници од опозицијата се дистанцираа од Мерко, тврдат дека не гласале за ниту еден негов предлог

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ  Ален Деребан посочи дека иако со декларацијата неможе да се казни, ниту отповика градоначалникот, сепак сакале да се стави на дневен ред на расправа на која ќе се оградат од, како што рече, незаконското работење на Мерко. Советничката група инсистира на кривична одговорност, не само на градоначалникот, туку и на сите советници кои гласале за сите негови иницијативи, предлози и одлуки иако знаеле дека се спротивни на законските прописи. 

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ инсистира на ефективна, а не декларативна одговорност, не само на градоначалникот на Општина Струга, туку и на сите советници кои во изманатиот период свесно и слепо ги поддржуваат сите идеи иницијативи и предлози од градоначалникот, знаејќи дека се спротивни на законот“, изјави Деребан.

Советникот Џумкар Нијази од Алијанса на Албанците рече дека со декларацијата сакаат да укажат дека граѓаните на општина Струга преку нивните политички претставници во Советот на Општина Струга на ниеден начин не се инволвирани во значителна корупција, злоупотреба на јавни фондови, мешање во судски и други јавни постапки и оштетување на довербата на јавноста во демократски институции и функционери во држаата за што е обвинет градоначалникот на Струга Рамис Мерко од Стејт департментот на САД. 

„Го повикуваме градоначалникто на Струга Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка од функцијата градоначалник со цел надлежните институции самостојно и без притисок да ја вршат својата истражна дејност“, рече Нијази. 

Ги повика сите надлежни органи на прогонот да почнат истраги по тврдењата на Стејт департментот на САД што е можно поскоро. 

Покрај советниците на ВМРО – ДПМНЕ и Алијанса на Албанците, декларацијата ја поддржаа и советниците на Беса и во знак на револт и тие ја напуштија седницатана Советот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ