„Има интерес за нашата лута пиперка и тоа најмногу од трговци од Србија и Косово. Ја купуваат по 6 денари за парче и засега тоа не е исплатливо за нас. Доколку до крајот на сезоаната се задржи оваа цена можеби ќе излеземе некако на крај, но стравуваме да не падне под 6 денари. Сега е екот на бербата на лутата пиперка, има голема понуда, но и побарувачка од трговците. Дневно некои берат и по 30 илјади парчиња пиперка, но како што поминува времето родот ќе се намалува“, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.
Благодарение на затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото Банско, производството на лути пиперки стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.