понеделник, 11 ноември 2024

Струмичани сѐ уште без вода за пиење, Костадинов тврди дека проблем е техничката вода, АХВ нареди нови мерки

Филтер станицата нема детектирано никаков проблем, проблем е техничката вода којашто ја купуваме од браната Турија, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по вчерашните прес конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој го впери прстот во него и општината за проблемот со немање вода за пиење во Струмица и шест населени места заради зголемо присуство на манган. Во меѓувреме, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување нови мерки на Комуналец како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија.

Објавено на

часот

Сподели

Костадинов вели дека од вчерашната прес конференција очекувал некое решение.

„Министерот ако изговори пет реченици во четири и пол го спомна Костадинов. Благодарам за афирмацијата, но не сме тука да се препукуваме и да бараме дежурни виновници и би му порачал на министерот дека не се уште во опозиција и владината говорница не е во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, туку во Владата. Очекував вчера да слушнам бројки и анализи коишто ги имаат направено оти таму беше и директорката на Институтот за јавно здравје, веројатно имаат бројки каква е водата во браната Турија, но бројки не слушнавме ниту јас, ниту граѓаните, тоа е очајно и жално. Министерот понуди помош доколку тие треба да инвестираат и еве за почеток нека направат анализа од водата која ни ја продаваат за да сфатат каква вода продаваат тие“, подвлече Костадинов.

Според него, затаило чистењето на каналите и речните корита во Општина Струмица од страна на Водостопанство и министерството со што, како што рече Костадинов, избегнувајќи една еколошка катастрофа ресорното министерство ја вовлекува Струмица во друга катастрофа.

„До денеска, цело лето и овие веќе 102 денови на новата Влада, немаме видено ниту еден багер да ги чисти каналите со што придонесуваат и за поплавување на Струмица. Изнегнувајќи една еколошка катастрофа, самото министерство со целата негова неспобност, ја вовлекува Струмица во нова криза. Нормално ние како одговорна општина заедно со Комуналец ги извршуваме и нивните обврски, ги чистиме каналите кои се нивна обврска“, посочи струмичкиот градоначалник, кој дададе дека не им треба помош од министерството, туку да си ги гледат нивните обврски и да си ги знаат надлежностите и да не ја злоупотребуваат Владата како партиско седиште.

Во меѓувреме, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување нови мерки на Комуналец како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија.

Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво сѐ уште е високо.

„Со надзорот е констатирано дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеќе години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно член 24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, за време на елементарни непогоди и зачестено. Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките“, наведува АХВ.

Од АХВ истакнуваат и дека при надзорот на акумулацијата од страна на инспекторите за храна на Агенцијата, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од осум мерни места. Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ