На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, соговорниците ги потврдиле добрите односи и потребата за искористување на придобивките од стратешкото партнерство со САД.
Мицкоски истакнал дека освен членството во Европската Унија, стратешки интерес на државата е и заштита на националните и идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија.
Од страна на Мицкоски била афирмирана и потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.
Соговорниците се осврнале и на повеќе прашања од регионално значење.