„Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе постојат услови за преговори. Тие се тие кои на преговарачката маса можат да донесат одлука што е прифатливо решение“, кажа Столтенберг.
Зборувајќи на конференција во норвешкиот град Арендал, додаде дека улогата на НАТО е да ја поддржува Украина.
Столтенберг ова го изјави откако шефот на неговиот кабинет Стиан Јенсен во вторникот кажа дека Украина можеби сепак ќе мора да се откаже од територија во корист на Русија во рамки на договор за завршување на војната. Јенсен подоцна кажа дека му е жал поради таа изјава.
„Неговата порака е иста како мојата порака, која е и главната порака на НАТО, а тоа е дека политиката на НАТО не се сменила – ние ја подржуваме Украина“, кажа Столтенберг.
НАТО на самитот минатиот месец порача дека Украина ќе биде поканета во членството кога „членките ќе се договорат и ќе се исполнат условите“ и дека земјата има право самата да го бира својот пат независно од Русија.