Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека организацијата ќе распореди дополнителни 700 војници на Косово „како што се зголемуваат тензиите со етничките Срби“.
Тензиите се разгореа откако албанските функционери, избрани на изборите кои главно ги бојкотираа Србите, влегоа во општинските згради, пренесува Скај њуз.
„НАТО ќе распореди дополнителни 700 војници на Косово поради зголемувањето на тензиите со етничките Срби. Дополнителен баталјон на резервни сили, исто така, е ставен во состојба на готовност и ќе биде искористен по потреба“, рече Столтенберг.
Тој рече дека нападите на Косово „мора да престанат“ и предупреди дека трупите на НАТО „ќе ги преземат сите неопходни дејствија за одржување на безбедна и сигурна средина за сите граѓани на Косово“.
Столтенберг ги повика двете страни да преземат чекори за деескалација, да се воздржат од „понатамошно неодговорно однесување“ и да се вратат на разговорите за подобрување на односите поддржани од ЕУ.