петок, 4 октомври 2024

Столтенберг: Дозволата Украина да гаѓа цели на територија на Руската Федерација нема да го вовлече НАТО во војна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да ѝ дозволат на Украина да гаѓа легитимни цели на руска територија ќе го вовлече НАТО во војна.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не е точно е да се каже дека сојузниците на НАТО би можеле да станат страни во конфликтот доколку дозволат употреба на западно оружје против легитимни цели на руска територија. Северна Кореја и Иран обезбедуваат значителна воена поддршка и ѝ даваат на Русија ракети и беспилотни летала без да станат директни учесници во конфликтот“, изјави Столтенберг во интервју за Тајмс.

Тој нагласи дека ги поддржува сојузниците, како Велика Британија и Франција, кои се залагаат на Киев да му биде дозволено да користи ракети со долг дострел, како што е британската „сторм шедоу“, за да ја нападне Русија. Истовремено, тој посочи дека таквата дозвола е одговорност на земјите-членки, а не на НАТО во целина.

„Таква одлука треба да донесат поединечни држави. Го поздравувам фактот што сојузниците ги отстранија или ги олеснија ограничувањата за употреба на оружје“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар ја негираше „релевантноста“ на предупредувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека употребата на ракети со долг дострел од Украина против воени цели на руска територија може да стане „црвена линија“, чие преминување би значело почеток на војна меѓу Русија и НАТО.

„Веќе имаше многу „црвени линии“ кои Путин ги прогласи пред ова и не прибегна кон ескалација, што би значело директно вклучување на сојузниците од НАТО во овој конфликт. Не го направи тоа затоа што разбира дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот. Русите разбираат дека нуклеарното оружје и нуклеарната војна не можат да донесат победа и дека не треба ниту да се размислува за нив. Ова на Путин му го објаснивме многу јасно неколку пати“, нагласи генералниот секретар на НАТО, чиј мандат истекува на 1 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ