„СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема. Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10д или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници?
Оваа празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.