четврток, 10 октомври 2024
ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: ЕЛЕМ турс во стечај, а се отвораат две нови фирми за блиски лица на СДС и ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Единственото државно претпријатие ЕЛЕМ водено од СДС, го затвора, го става во стечај ЕЛЕМ турс, како непродуктивно и создавач на долгови, а истовремено отвора две исти фирми ќерки со иста дејност – туризам и угостителство, со поделба на хотелите и туристички капацитети на Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга.

Како е можно ЕЛЕМ турс да се затвора како непродуктивно, а истовремено за една од двете нови фирми, Ски центар Попова Шапка, да се најавува стратешка инвестиција и долготрајна концесија? Уште повеќе, прв човек на новата фирма за која е најавена инвестиција, е токму досегашниот директор на турнатата фирма во стечај, Адем Авзиу? Како сега ќе знае да работи рентабилно со новата фирма, а не знаел со ЕЛЕМ турс?

Значи СДС го турка ЕЛЕМ турс во стечај заради долгови, а на директорот на ЕЛЕМ турс му отвора нова фирма со имот на ЕЛЕМ турс, Адем Авзиу, кадар на ДУИ!

Втората фирма – ЕСМ Молика е оставена на Миле Вељановски, сопартиец, личен пријател, семеен другар и шофер на Васко Ковачевски.

Внимавајте, шоферот на Васко Ковачевски, добива и ќе водел државна фирма за угостителство и туризам, со капацитети во Дојран, Охрид, Струга, државната фирма ЕСМ Молика!?

Едно од најважните прашања е зошто при поделбата на двете фирми, 200 веќе вработени лица од ЕЛЕМ турс не се преземаат во новите фирми, туку или се избркани од работа, или им се нуди времено вработување по системот – земи или остави?

Целта е јасна. По теркот на мрачната транзиција, се турка стечај, наводна нерентабилност на државна фирма, се приграбува имот, се бркаат 200 вработени, останува неисплатен долг на доверители од околу 150 милиони денари.

Но, се добиваат две фирми, хотели, туристички капацитети, на Шапка, Маврово, Дојран, Охрид, Струга се добиваат инвестиции, и можности за партизација, огласи за вработувања, и секако можност за приватизација на државен имот.

СДС не може да излезе од матрицата на мрачната транзиција, уништување и грабање, од шемата на лаги и партизација. Само избори се спасот“, изјави денеска Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ