Стоилковиќ на својот официјален фејсбук профил напиша дека Охридскиот рамковен договор во Македонија ја симболизира колективната определба за дијалог, меѓусебно почитување и мирно решавање на разликите.
„Договорот ја зајакна решеноста во државата да се поддржуваат принципите на еднаквост и недискриминација со што се поставија највисоките стандарди за правата на заедниците. Симболизмот на Рамковниот договор не смееме да дозволиме да биде монополизиран за политички цели, и од договорот да се прават политички интерпретации или импровизации во толкувањето на неговото значење и важност. Како држава треба сите континуирано и посветено да работиме за целосно интегрирано и просперитетно општество. Тоа ќе го постигнеме преку единство, прифаќање на различностите и работејќи заедно кон иднината во која секој граѓанин од секоја етничка заедница во Македонија ќе има можност да напредува“, напиша Стоилковиќ по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.