среда, 9 октомври 2024

Стоилковиќ-Ле Риголер: Стратешки проекти за зајакнување на суверенитетот на земјата

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер. На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.

„Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот“, соопштија од кабинетот на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.

Тој на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посакал успешна дипломатска работа во земјава и воедно изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на Македонија и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог.

Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ