Дали Бугарија треба да се извини за окупацијата на Македонија и злосторствата што ги направи нејзината фашистичка војска, Стојановски вели дека тоа треба од нив самите да си дојде.
„Верувам дека тоа ќе се поправи. Со соседите треба да се живее добро, тоа е многу важно. Како што треба да живееме добро со соседите, тоа важи и за државите кои се соседи“, нагласува Николовски.
Стојановски додаде дека Денот на победата над фашизмот е славен ден за нас, за сите граѓани на Македонија.
„Не треба да зборавиме на овој ден никогаш оти тоа е и славен ден за сите народи од демократските земји“, рече тој и порача дека е потребна соработка меѓу народите и постојано да се потсетуваме на значењето на 9 Мај, а тоа особено важи за младите генерации кои треба да продолжат да ги надоградуваат нивните традиции.
„Старите го направиле тоа што можеле да го направат, а младите генерации треба да се угледаат на тоа, да учат добро, да работат добро, да им помагаат на старите“, рече Николовски кој е еден од ретките живи борци од Втората светска војна. .