недела, 13 октомври 2024

Сто отсто се исправни храната и кујната, соопшти фирмата која готви за Армијата

Фирмата Далма фоод и кетеринг, која подготвува храна за македонската војска денеска соопшти дека сите анализи од надлежните институции потврдуваат дека храната и кујната се сто отсто исправни и не се најдени бактерии или други причинители за труење, но исто така и дека брисевите земени од вработените се негативни. Соопштението од фирмата е реакција на тврдења во јавноста дека последниот случај на труење на војници е последица од храната која ја готви оваа фирма.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Далма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје (носител на набавка), сакаме да ги информираме засегнатитњ страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024 фосин, надлежни органи и институции на РСМ извршија вонредна контрола на кујната во рамки на ДАалма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје каде се подготвува храната (оброците) за АРМ.

Од сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг  вид на причинител кој може да предизвика труење.

Дополнително, во рамки на контролата се земени и брисеви од опремата и од вработените кои исто така се негативни во целост“, се вели во соопштението на фирмата во кое како прилог се дадени и наодите од анализите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ