„Чекаме да видиме потврда за ова. Ако е тоа точно, тоа би бил добредојден чекор“, кажа портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Според него, Соединетите Американски Држави и понатаму „се загрижени поради циклусот растечки тензии и спорадично насилство на северот на Косово“ и ги охрабруваат двете страни да го продолжат дијалогот кој го овозможува Европската Унија.
Началникот на генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ изјави вчера дека „режимот на работата на единиците во Копнената зона на безбедност на задачите за обезбедување на административната линија е вратен во нормала, што значи редовна бројна состојба на ангажирани единици во Копнената зона на безбедност“.