„Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение“. Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.
Стефан Андоновски: Почнуваме со борбата против корупцијата во Фондот за иновации
Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, изјави денеска Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.
Објавено на
часот