За време на директниот пренос на летот, коментаторите на Спејсекс рекоа дека контролата на мисијата ја изгубила комуникацијата со вселенското летало за време на неговото повторно влегување во атмосферата со хиперсонична брзина.
Starship re-entering Earth’s atmosphere. Views through the plasma pic.twitter.com/HEQX4eEHWH
— SpaceX (@SpaceX) March 14, 2024
Возилото се приближувало до планираното место за пад во Индискиот Океан околу еден час по лансирањето од Јужен Тексас.
Неколку минути подоцна, Спејсекс потврди дека леталото е „изгубено“. Најверојатно изгорело или се распаднало при повторното влегување или при падот во морето.
Од нејасни причини, Спејсекс одлучи да прескокне една од примарните цели на пробниот лет – обид повторно да се запали еден од моторите Раптор на Старшип додека лебди во ниска орбита, пишува Ројтерс. Ова се смета за клучно за идниот успех.
Сепак, исполнувањето на многу од планираните цели на летот претставува пресвртница во развојот на вселенското летало што е клучно за растечкиот сектор за лансирање сателити на Спејсекс, основан во 2002 година од Илон Маск, и лунарната програма на НАСА.
Congratulations to the entire SpaceX team on today’s successful Starship flight test! → https://t.co/VcyTlGvGqY pic.twitter.com/GaDsCPbbVu
— SpaceX (@SpaceX) March 14, 2024
Шефот на НАСА, Бил Нелсон, му честиташе на Спејсекс за, како што рече, „успешниот тест лет“.
Претседателката на Спејсекс Гвин Шотвел на Икс објави дека тоа е „неверојатен ден“.
Двостепеното вселенско летало, кое се состои од брод за крстарење Старшип поставен на врвот на ракетниот носач „супер хеви“, полета од локацијата за лансирање на компанијата Старбејз во близина на Бока Чика, на Заливскиот брег во Тексас.
Вселенското леталото далеку ги надмина своите два претходни лета, кои беа прекинати со експлозии неколку минути по лансирањето.
Компанијата однапред призна дека постои голема веројатност нејзиниот последен лет да заврши со уништување на леталото пред крајот на мисијата.