понеделник, 14 октомври 2024

Стара состојба, нов продолжен викенд, илјадници граѓани одат за Грцијa

Илајдници возила во сите ленти на граничниот премин Богородица. Камерата на овој премин утрово покажува дека е голем бројот на граѓани кои празникот нема да го чекаат во Македонија, туку продолжениот викенд ќе го минат крај морето во Грција. Голем е бројот на возила и на граничниот премин Дојран.

Објавено на

часот

Сподели

Од Авто мото сојузот на Македонија – АМСМ велат дека чекањето на граничните премини за излез од земјава на Богородица и Дојран трае повеќе од еден час. Колку вкупно трае чекањето за влез во Грција, тоа можат да кажат тие што ќе ги поминат граничните формалности на граничниот премин Евзони и ќе заминат кон својата дестинација.

И за излез од Македонија во Србије е зголемена фреквенцијата на возила. Според АМСМ, чекањето да се мине границата изнесува повеќе од еден час. Камерата на граничниот премин Прешево, од српска страна, ја покажува зголемената фреквенција на возила.

Што се однесува до преминот Табановце – Прешево треба да се има предвид дека е голем бројот на туристи кои во земјите северно од Македонија се враќаат од годишните одмори поминати во Грција и Турција, како и на гастарбајтери од Македонија, Грција и Турција кои одморот го минале во родниот крај.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ