недела, 13 октомври 2024

ССМ: Минималната кошничка ќе значи црвен аларм, некој се богати на грбот на работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“. Тој нагласи дека цените се доказ дека некој се богати на грбот на работниците.

Објавено на

часот

Сподели

Добро е сè што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените, оцени Трнедафилов на прес-конференција во врска со владиниот предлог што предвидува ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за стотина основни прехранбени производи. Сепак, како што укажа, ваквата идеја треба да се спроведе во целост.

Трендафилов изрази жалење што ССМ не е вклучен во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите.

„Минималната синдикална кошничка се пресметува во тековниот месец. Се надевам дека на почетокот на наредната недела, во понеделник или вторник, ќе биде објавена. Според податоците, веројатноста е голема да биде со благо зголемување, имајќи предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4.600 денари. Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја сè што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22.300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани. Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано. Но, конечно не охрабрува тоа што и владините функционери и другите носители на јавни функции го зборуваат она што го говори ССМ, дека некој се богати на грбот на работниците, неоправдано“, напомена Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања.

На идната владина седница се очекува да биде донесен предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ