среда, 22 јануари 2025

Српскиот премиер: Експлозијата на каналот Ибар-Лепенац требаше да биде изговор за влегување на косовската полиција на северот

Претседателот на владата на Србија Милош Вучевиќ кажа денес дека експлозијата на каналот Ибар-Лепенац е лоша режија на Аљбин Курти чија цел било да им се овозможи на припадниците на косовските безбедносни сили да влезат на северот на Косово и Метохија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој за РТС оцени дека нема ниту еден конкретен доказ дека Србија е вмешана во тоа, но дека Курти побрзал веднаш да ја обвини.

„Тој инцидент требаше да послужи како изговор за Курти да ги внесе косовските безбедносни сили на северот. Меѓутоа, Кфор го одби неговото барање, и тоа треба да се истакне“, кажа Вучевиќ.

Тој укажа дека ќе биде интересно да се слушне што за тоа имаат да кажат западните земји, особено, како што додаде, по забраната за пратениците на Српска листа да учествуваат во работата на косовскиот парламент.

„Кулминацијата на демократските односи под наводници, на Косово и Метохија беше забраната за избраните пратеници на Српска листа да учествуваат во собраниската расправа“, кажа тој.

„Баш да видиме што ќе кажат меѓународните претставници. Што ќе кажат од Квинтата и Европската Унија. Дали се тоа европските вредности? Дали ќе се оцени позитивно развојот на демократијата и институциите на Косово и Метохија?“, праша Вучевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ