Мажот, исламист од Србија, се обидел да избегне апсење во саботата и отворил оган врз полицајците, кои потоа возвратиле и го убиле, се вели во извештајот.
Станува збор за Бошњак кој бил под лупа затоа што засолнил Србин кој преминал во ислам и на 29 јуни со самострел нападнал чувар во израелската амбасада во Белград.
Човекот убиен во саботата бил осуден на долга затворска казна во доцните 2000-ти за напад врз полицајци и планирање терористички акции.
Тој бил вахабист, член на ултраконзервативното исламско движење, а неодамна ја изразил својата верност кон терористичката група Исламска држава во видео објавено на Телеграм.
Нови Пазар е главен град на српскиот регион Санџак, каде што мнозинството од населението се муслимани. Бошњаците го сочинуваат мнозинството од населението во соседна Босна и Херцеговина, но сочинуваат околу 2 отсто од населението на Србија, пишува германската новинска агенција дпа.