среда, 22 јануари 2025

Средствата од унгарскиот кредит за компаниите ќе бидат достапни од јануари

За трансфер на средствата од унгарскиот заем за компаниите ќе се почека до јануари, идната година, иако премиерот Христијан Мицкоски очекувал тоа да се случи од почетокот на наредната недела.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што нагласи Мицкоски, сепак мора претходно да се завршат и испочитуваат одредени законски процедури.

„Очекувам во јануари да почне пренесувањето на средствата, вчера имаше оперативен состанок во Министерството за финансии, се дефинираа чекорите, договор со една и друга страна. Има процедури кои формално треба да бидат запазаени. Јас бев поголем оптимист, мислев дека од почетокот на следната недела ќе почне, но има некои законски процедури кои мораме да ги поминеме. Сега сум конечен во ставот дека во јануари почнува импемнетацијата на заемот“, нагласи Мицкоски.

Според него, добро е компаниите со помош на кредитот да го зголемат бројот на производи, не да забележат раст само на паричната маса.

„Би сакал не пет, туку и 10 отсто да биде растот. Но, тие десет проценти да не бидат поголеми во парична маса, туку во број на производи“, истакна премиерот.

За секоја фирма што не ги исполнила условите ќе се грижи, ќе постои посебен тим во Владата, а ќе има и одговорно лице кое тоа ќе го следи, ќе алармира и ќе се обрати до компанијата-корисник на средствата, да каже зашто условот не е исполнет.

Компаниите во земјава ќе може да користат 250 милиони евра од унгарскиот кредит, наменет за македонскиот бизнис.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ