Како што информира Царинската управа, ваквиот начин на соработка ќе биде дефиниран преку нов меморандум за соработка што ќе ја содржи новата рамка за унапредување и развој на царинско-деловните партнерства.
На средбата двете страни беа согласни дека на овој начин ќе се овозможи доследност, усогласеност, предвидливост и ефикасност на царинските и деловните процеси.
„Унапредување на односите е многу важно за зголемување на перформансите на бизнис заедницата, а со тоа и за економска трансформација на државата како клучен приоритет на Владата“, потенцира Николовски.
Според него, ваквото ниво на соработка е неопходно, при што двете страни ќе работат на воспоставување процес на редовни консултации и партнерство со бизнис заедницата.
„Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност“, рече Азески.