петок, 13 декември 2024

Средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ со германската делегација од Франкфурт и Хајделберг

Во Хајделберг факултет во Скопје, во присуство на претседателот на управата од Германија, проф. д-р Улрих Цајтел и делегацијата од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставуван од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото и директорот за Развој Лукас, беше одржана официјална средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата иден чинител на новата македонска Влада.

 

Објавено на

часот

Сподели

На средбата присуствуваа Гордана Димитријовска Кочовска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование.

Високата делегација од Хајделберг и Франкфурт имаше свое излагање за успешноста на германскиот високообразовен дуален модел.

Како што беше кажано, овој модел е пример за успешност во германската економија. За таа цел, со основањето на Хајделберг факултетот во Скопје, за првпат се создаваат реални можности за внес на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено од страна на проф. д-р Цајтел.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ искажаа силна политичка поддршка на ваквиот концепт, како и можност, во иднина да се имплементираат реформи во образовниот систем и реформи во финансискиот сектор, а во функција на поддршка на компаниите за интерес во дуалното високо образование.

Како што беше кажано, со нова енергија во МОН и ресорите за финансии, особено во ТИРЗ, би се очекувало силно раздвижување на ваквиот тип на германско високо образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ