петок, 15 ноември 2024

Средба на претседателката Силјановска-Давкова со Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Република Турција

Претседателката Гордана Силјановска- Давкова денеска го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на вооружените сили на Република Турција,

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, меѓу другото се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто, како што било оценето, бележат континуиран развој, во духот на НАТО- сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од заемен интерес.

Како што информираат од кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова го нагласила исклучително значајниот придонес на турските вооружени сили преку воено-финансиските договори, како и годишните планови за соработка кои обезбедуваат финансиска поддршка, воена опрема, одбранбени системи и обука на нашиот воен персонал..

„Изразувајќи задоволство од непоколебливата и конкретна поддршка од Турција и турските институции од осамостојувањето на македонската држава, претседателката Силјановска- Давкова ја нагласи нејзината заложба за дополнително негување и зајакнување на блиските врски меѓу двете држави и за поттикнување меѓусебни посети на високо ниво“, се вели во сооштението од кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ