понеделник, 10 февруари 2025

Србија: Студентите во блокада објавија план за прошетка од Белград до Нови Сад

Студентите од белградските универзитети во блокада најавија план за прошетка од Белград до Нови Сад, кој го најавија за 30 и 31 јануари, со намера да ги поддржат своите колеги од Нови Сад да ги блокираат сите три моста во тој град во Србија, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и загинувањето на 15 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првичниот собир е утре во 8:30 часот пред Факултетот за драмски уметности, а поаѓањето е еден час подоцна.

По минувањето низ Батајница, Нова Пазова и Стара Пазова, за 21.30 часот најавија пристигнување во Инџија, каде што ќе преноќат.

Најавија дека во 8 часот на 31 јануари ќе тргнат понатаму, а на крајната дестинација, Железничката станица во Нови Сад, треба да пристигнат во 19:10 часот, пренесува Фонет.

Студентите во блокадата ги поканија заинтересираните граѓани да им се придружат, во сопствена организација на потребните ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ