четврток, 20 март 2025

Србија: Спремни сме да бидеме домаќин на преговорите за Украина

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ изјави денес во Москва дека Србија сака да го даде својот придонес на решавањето на конфликтот во Украина и дека е спремна да биде домаќин на преговорите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога станува збор за нашата желба да придонесеме на решавањето на актуелната ситуација во Украина, Србија е земја со релативно скромни геополитички капацитети ако го гледаме бројот на жителите, но имаме голема желба да дадеме придонес кон решавањето на овој проблем, секогаш сме спремни да бидеме домаќини на каков било вид формални и неформални разговори“, кажа Ѓуриќ.

Ѓуриќ оваа изјава ја даде по состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Новинарите ги интересираше дали Ѓуриќ со Лавров разговарал за можноста Белград да биде вклучен во разговорите за прекин на непријателствата во Украина, бидејќи Србија е една од ретките земји кои во овој момент имаат доби односи и со Вашингтон и со Москва и со Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ