понеделник, 14 октомври 2024

Србија: Потврдени мандатите на пратениците, опозицијата се обиде да направи хаос, поради тврдењата за изборна кражба заклетви се даваа во холот

Конститутивната седница на српското собрание на која беа потврдени мандатите на пратениците на новиот состав на Скупштината помина со свирежи на опозицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Опозициски пратеници стоеја пред говорницата со транспарентни на кои пишуваше „Ги украдовте изборите“ и „Крадци вратете ги мандатите“.

Прозападната опозициска листа „Србија против насилството“ тврди дека декемвриските избори биле нерегуларни што власта го отфрла.

Поради тврдењата за изборна кражба дел од опозицијата заклетвите ги положија во холот на парламентот а не во салата.

Од коалицијата „Србија против насилството“ порачаа дека не сакале да положат заклетва со луѓе кои мандатите ги добиле со „кражба на изборите“.

Пред нив тоа го направија и пратениците на десната коалиција „Надеж“ составена од Новата демократска партија на Србија (ДСС) и Движењето за обнова на кралството Србија (ПОКС).

Транспарент во галеријата истакнаа и пратениците од власта на кој пишуваше „Дососвски крадци, повторно сакате да ја крадете Србија, нема да може“.

ДОС (Демократската опозиција на Србија) дојде на власт во 2000 година кога беше урнат режимот на тогашниот претседател на СР Југославија Слободан Милошевиќ. Дел од партиите кои го сочинуваа ДОС се во денешната прозападна коалиција.

Конститутивната седница на српското собрание траеше околу половина час. За тоа време беа потврдени мандатите и пратениците положија заклетва. Претседавачот најави дека за продолжението на седницата ќе бидат информирани.

Во продолжението на првата седница, која не мора да биде истиот ден, пратениците треба да изберат претседател и потпретседатели на парламентот, да именуваат генерален секретар, да изберат членови на работните тела, како и членови на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ