петок, 6 декември 2024

Спречен шверц на пратка со пиротехнички средства на Јажинце

Полицијата вчера, околу 16:40 часот, на граничниот премин Јажинце спречила шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Како што информира денеска МВР, при проверка на патничко моторно возило тигуан со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.

Објавено на

часот

Сподели

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ