Во првиот случај, според денешното соопштение на царината, запрено е патничко возило со косовски регистерски таблички во кое се пронајдени непријавени пакувања парфеми во вредност од 13,7 илјади евра.
„ Синоќа во 20:50 часот царинските службеници запреа возило со косовски регистарски таблички. Странката на прашањето дали има нешто да пријави, одговори дека нема. При проверка на багажот и просторот за резервна гума, полицајците открија 226 пакувања парфеми од позната марка, со вкупна вредност од 13.699,70 евра. По откривањето, стоката е одземена и во моментот е подложена на постапки за нејзината автентичност“, се наведува во соопштението.
Во врска со вториот случај, во соопштението се посочува дека синоќа во 22:45 часот поради контрола било запрено возило со регистарски ознаки на Македонија. Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, полициските службеници извршиле втор претрес и откриле 40.000 електронски цигари (200 штеки) во вредност од 4.340 евра, скриени во различни делови од возилото.
„ Двете лица го прекршија царинскиот и акцизниот законик на Косово. Предметите се упатени во Секторот за царински прекршоци за понатамошно правно постапување, додека Секторот за истраги работи на дополнителни увиди“, се наведува во соопштението.