вторник, 9 јуни 2026

Заслужува ли оваа нација СП? Американците ги „тресеа“ Узбекистанците, им пуштија и кучиња за дрога! (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Узбекистан предизвика реакции, откако узбекистанската репрезентација била подложена на строги безбедносни проверки при пристигнувањето на стадионот во Њујорк.

Објавено на

часот

Сподели

Сите фудбалери, членови на стручниот штаб и делегацијата морале да поминат детална контрола со детектори за метал, а во проверките биле вклучени и службени кучиња. Личните работи биле прегледувани поединечно од американските безбедносни служби.

Ваквиот третман предизвика незадоволство кај гостинската селекција. Селекторот на Узбекистан, Фабио Канаваро, јавно реагира за односот кон нивната репрезентација.

Не станува збор за изолиран случај, бидејќи слични искуства имаше и репрезентацијата на Сенегал, која исто така минала низ строги безбедносни процедури по пристигнувањето во САД.

Случувањата повторно ја отворија дебатата околу тоа дали земја како САД заслужува домаќинство на еден голем турнир како Светското првенство. Фудбалот не е примарен спорт во оваа земја, па службите немаат почит кон учесниците и фудбалерите на планетарниот собир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ