среда, 16 јули 2025

Прва победа на Македонија по 17 години, одбојкарките пресилни за Луксембург

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија триумфираше против Луксембург со 3-0 (25-16, 25-19 и 25-24) на стартот на Сребрената европска лига, а воедно ја запишаа првата победа по пауза од 17 години на европско тло, откако претходно последен пат славеа во 2008 година над Исланд.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот состав имаше одличен почеток на натпреварот и тргна со 25-16 во првиот сет, додека Луксембург даде поголем отпор во вториот сет, меѓутоа нашите одбојкарки со 25-19 се приближија до триумфот.

Одбојкарките на Македонија беа одлични и во третиот сет каде што стигнаа до 25-14 со што ја запишаа високата победа на стартот на Сребрената европска лига.

Најефикасна кај македонските одбојкарки беше Теа Терзиевска со 14 поени, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева постигнаа по осум поени.

Македонија го игра следниот меч против Швајцарија во салата „Парк“ во Струмица на 1 јуни од 20 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ