четврток, 19 февруари 2026

Познати се полуфиналистите на хокеарскиот турнир на ЗОИ

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари на машкиот хокеарски турнир на Олимписките игри во 2026 година, репрезентациите на САД, Канада, Словачка и Финска се пласираа во полуфиналето.

Објавено на

часот

Сподели

Четвртфинале:

Словачка – Германија 6-2
Канада – Чешка 4-3
Финска – Швајцарија 3-2
САД – Шведска 2-1

Според принципот на рангирање, полуфиналните парови ќе бидат:

Канада – Финска

САД – Словачка.

Полуфиналните натпревари ќе се одржат утре, 20 февруари. Термините се 16:40 и 21:10 часот.

Финалето е закажано за 22 февруари, а натпреварот за третото место е ден порано (21 февруари).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ