Весникот „Република“ ја следи целата ситуација и наведува дека нови осомничени се појавиле откако надлежните ограни ги истражиле телефоните на Сандро Тонали и Николо Фаџоли кои веќе одлежаа суспензии.
Тонали беше суспендиран на десет месеци, Фаџоли на седум, но сега и други фудбалери би можеле да се соочат со суспензија.
Алесандро Флоренци, Матија Перин, Вестон Мекени, Николо Заниоло, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Матео Канселери, Кристијан Буанито и Жуниор Фирпо се фудбалерите кои би можеле да се соочат со проблеми.
Се открива и дека фудбалерите се обложувале на нелегален начин преку златара во Милано.