Нашата селекција долго време водеше, имаше и плус пет гола разлика и напади за шест, а на крајот моравме да спасуваме победа. И покрај тоа, селекторот е задоволен од одиграното, иако жали за испуштената шанса.
„Задоволен сум, сепак, победивме, ак ога ќе сумираме се треба да сме задоволни што направивме во овие три меча со силни противници. Видовте дека Романија е цврста, јака селекција која што знае што сака. Малку ми е жал затоа што почнавме многу добро и заслуживме да имаме повеќе, со поголема концентрација, фокус и верба. Како да се изненадивме дека во првиот дел можеме да водиме со висока разлика. Романците беа немоќни, ние промашувавме од изгледни позиции. Во вториот дел пак имавме четири гола и мислевме како и секое полувреме дека ќе бидеме уште подобри и како поминуваше времето, не сакам да звучи како да сакам да се жалам, се повреди Маркоски, Аларов доби црвен картон, останавме дефанзивно и офанзивно хендикепирани во ротација. Мислам дека немавме проблем во одбрана, туку во нападот. Нивниот голман беше играч на мечот, имаше доста добри одбрани. Се надевав дека ќе добиеме со малку повеќе голови разлика, макар тоа било три, четири или пет.
Надежта последна умира, сега е невозможна мисија Данска да победи со 17 гола разлика. Честитки на момците, не можам да им замерам ништо. Сакавме во ТОП-12, мислам дека и заслуживме такво нешто. Требаше да имаме напад за победа со Португалија на пример. И некако така секогаш. Имаме напад за два разлика со Унгарија на минатото СП, имавме скоро добиен дуел со Холандија, со Австрија и пак се враќаме на истото. Македонски менталитет, македонска глава и тука треба да се работи. Не сум незадоволен, ова е мое моментално расположение. Кога ќе паднат емоциите, тогаш ќе видиме како сме се спротиставиле на европски сили. Да дадеше некој вакви резултати пред ЕП ќе прифатев, ама ќе сакав повеќе. Ние ќе останеме во сала на следниот меч, ќе бидеме навивачи на Данска и ќе видиме што ќе биде“
Македонија освои три бода во групната фаза и многу веројатно завршува како третопласирана.






