вторник, 16 декември 2025

Ѓорческа има скок за 32 позиции на новата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа има нов голем напредок на ВТА листата по турнирот во Букурешт.

Објавено на

часот

Сподели

Како резултат на пласманот во финалето на турнирот во Букурешт, Лина Ѓорческа денеска е 207 тенисерка во светот.

Ѓорческа има огромен напредок на листата во последниот месец по четири последователни пласмани во финалиња од кои едното го доби. Таа за еден месец има скок од дури 148 позиции.

Најдобриот пласман на Ѓорческа во кариерата е 170. место кое се случи во 2017 година.

Македонката сега има турнир во Куршумлијска Бања, терен кој ѝ одговара, а со добар настап таму ќе може да се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ