недела, 21 декември 2025

Тонали во 92. минута му донесе победа на Милан против Лацио во Рим (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лацио имаше фантастично отворање на мечот, со гол на Имобиле уште во четвртата минута поведоа со 1-0.
 
Во осмата минута имаше спорен момент, голманот на Лацио, Стракоша играше со рака надвор од шеснаесетникот. Се очекуваше да добие црвен картон, но помина со жолт.
 
По пет минути игра во второто полувреме Оливие Жиру го израмни резултатот на 1-1.
 
Кога се очекуваше дека дуелот ќе заврши нерешено, Тонали по асистенција од Ибрахимовиќ даде гол во 92. минута за победа на Милан од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ