четврток, 25 декември 2025

Тео Ернандез во Милан до 2026

Објавено на

часот

Сподели

Милан потврди дека ја продолжува соработката со Тео Ернандез кој е еден од најважните фудбалери во тимот.

„Милан со задоволство може да соопшти дека Тео Ернандез го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на росонерите.

Ернандез има 108 настапи за Милан, 19 голови и 18 асистенции.

Наскоро се очекува Милан да ги продолжи договорите и со Исмаел Бенасер и Рафаел Леао.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ