Лихтенштајн веќе не е селекцијата со која лесно се добиваат бодови, тие пружија отпор на Германија и ја изненадија Ерменија. Па нашите фудбалери на 8. октомври нема да имаат лесна задача.
„Сигурно дека овој натпревар ќе биде најзначаен, доколку победиме ќе влеземе со одлична атмосфера во мечот со Германија, сметам дека нема потежок или полесен натпревар. Секој натпревар е само по себе тежок. Мислам дека треба да го дадеме својот максимум за да оствариме добар резултат. Кога играте за репрезентација и ја претставувате државата притисокот секако постои, но секој фудбалер се носи со тоа и треба да го има. Лихтенштајн е еден од најважните натпревари и се подготвуваме за тоа“, вели Ристовски.






