сабота, 20 декември 2025

Реал му нуди богатство на Мбапе но едно правило на Перез го кочи трансферот

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, „светците“ му ветуваат брда и долини за да остане барем уште една година. Многумина сметаат дека овие обиди се залуди и напаѓачот ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Според пушувањата на Ел Паиз, „кралевите“ на маса ставиле 180 милиони евра како бонус за потпис, како и годишна нето плата од 40 милиони евра.

Но зделката ја кочи едно правило на Флорентино Перез, кој откако дојде на чело на клубот во 2000 година, бара играчите да префрлат 50% од имиџ правата на клубот.

Адвокатите на Килијан Мбапе и неговото семејство се изненадени од ваквото барања со оглед на тоа дека се водат преговори една година, а до сега никој не им спомнал ништо за ова.

Французинот е магнет за спонзори, има огромна заработка, се верува дека таа во моментов изнесува 40 милиони евра годишно, и очекувањата се дека во иднина ќе порасне и на 70 милиони евра.

Ел Паис додава дека имиџ правата се „новиот момент“ за кој зборуваше Килијан Мбапе минатиот месец, и токму ова барање на Флорентино Перез го вратила во игра ПСЖ, кој нуди неверојатни суми за да го задржи напаѓачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ