недела, 24 мај 2026

Фудбалерите и одбојкарите ќе водат битки за Македонија на Денот на независноста

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите со почеток од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, ја пречекуваат селекцијата на Романија во квалификациски меч за СП 2022.
 
По нерешените средби со Ерменија и Исланд, момците на Болагоја Милевски бркаат победа за да ги задржат шансите за второто место кое води во баражот за пласман на Светското првенство.
 
Единствениот пораз во досегашните пет натпревари од овој квалификациски циклус го доживеавме токму од Романија, па денес е ден за одмазда.
 
Македонија е во комплетен состав за разлика од Романија која се мачи со позитивни случаи на ковид-19. Еден од фудбалерите кои ќе отсуствуваат од таа причина е Хаџи, кој го постигна победничкиот гол во Букурешт.
 
 
Одбојкарите денеска го имаат последниот меч на Европското првенство, од 16 часот играме против селекцијата на Русија.
 
Натпреварот не носи никаков резултатски императив, што и да се случи ние ќе го завршиме настапот на последното место во групата.
 
Овој меч ќе биде само шанса со добар резултат пристојно да си заминеме од Тампере каде досега имаме четири порази и само два освоени сета.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ