недела, 24 мај 2026

Фенербахче наместо да му плати на Емполи за трансфер на фудбалер, парите ги префрлил на салон за автомобили!

Објавено на

часот

Сподели

Во јануари 2019, Миха Зајц го напушти Емполи и се пресели во Фенербахче во трансфер вреден околу 3,9 милиони евра. Двата клуба се договориле оваа сума да биде платена на неколку рати.
 
Во септември 2020, Фенербахче требалo да исплати рата од околу 831.000 евра, но откако Емполи не ги добил парите, клубот од Италија во октомври испратил мејл и побарал објаснување за задоцнетата исплата.
 
Раководството на Фенербахче тогаш увидело дека е направен пропуст, и парите всушност биле исплатени на салон за автомобили од Холандија.
 
За работите да станат покомплицирани, салонот за автомобили одбил да ги врати парите, па Фенербахче морал правдата да ја бара на суд. Во август 2021 година, процесот завршил, пресудата била во корист на Фенербахче па салонот за автомобил морал да ја врати сумата од 831.000 евра.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ