„Формирана од група домашни авантуристи, кои израснале во македонските планини, Шар аутдорс овозможува адреналински уживања. Тие добро го познаваат задоволството на скијање по длабок снег, низ недопрени терени, и со задоволство ќе ве понесат на скијање, планинарење, возење со електрични велосипеди или истражување на планината со сродни посетители“, пишува Тајмс.
Весникот додава дека 16-те водичи на Шар аутдорс имаат меѓу шест и 10 годишно искуство во организирање тури низ планината и применуваат високи безбедносни стандарди за своите посетители. Прилогот е илустриран со фотографија од една од нивните типични авантури – посета на недопрени делови на планината со ратрак, по што гостите можат да скијаат низ длабок снег“.