петок, 4 октомври 2024

Според „Економист“ Македонија е во групата земји „демократии со недостатоци“

Mакедонија и годинава според Индексот на демократијата за 2023 на влијателниот магазин „Економист“ е во групата на „демократии со недостатоци“. Од 165 рангирани држави и две територии Македонија е на 72 место, заедно со најголемиот дел од државите во поблискиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2022 година вкупната оценка за Македонија беше 6,1, а за лани таа оценка е малку намалена – 6,03.

Рангирањето на Индексот на демократија на „Економист“ се прави врз основа на 60 индикатори поделени во пет категории: изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на владата, политичко учество и политичка култура.

Сите оценки под 6 за поединечни елементи на овојиндекс и конечната просечна оценка, упатуваат на хибридни и авторитарни режими.

Оценката за Македонија за изборниот процес и плурализмот е 7,83, еднакво како и во 2022, а во однос на таа година намалена е оценката за функционирање на владата – 5,71 (во 2022 беше 6.07).

Највисоката оценка за Македонија на овој индекс била во 2006 година (6,33).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ